-->
-->
Времен режим на сообраќај од понеделник во Делчево
-->

– Работите ќе се изведуваат согласно измениот режим на сообраќај во 11 фази од крстосница до крстосница и тоа започнувајќи од патниот правец од селото Ѕвегор кон Делчево со затворање на десната коловозна лента и пренасочување на сообраќајот на левата коловозна лента на која за времетраење на работите сообраќајот ќе се одвива двонасочно сѐ до крстосницата со улица „Скопска“, известија од „Гранит“.
По истиот принцип на пренасочување од крстосница до крстосница, како што додаваат, времениот режим ќе се одвива континуирано на десната коловозна лента на булеварот сѐ до влезот на Делчево, за потоа да се започне со изведување на работите во обратен правец кон село Звегор.
– За воспоставување на времениот режим ќе бидат поставени сообраќајни знаци и опрема со која ќе се води сообраќајот со цел овозможување безбеден и непречен сообраќај за сите учесници. Се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост, додадоа од „Гранит“.
Времениот режим на сообраќај ќе важи до завршувањето на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево и магистралната улица булевар „Македонија“, за што граѓаните ќе бидат навреме известени
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-
Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-
Преглед на вестите од светот