Вонредна седница на Советот на Град Скопје за зголемување на субвенциите за ЈСП
Советот на Град Скопје денеска на вонредна седница треба да гласа за предлог одлука за изменување на буџетот за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје од 440 милиони денари на 550 милиони денари, односно зголемување на субвенциите во износ од 110 милиони денари.
По гласање на оправданиста за свикувањето на седницата, Советот даде два пати пауза поради отсуството на Градоначакничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и продолжи по нејзиното појавување на оваа вонредна седница.
Советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинија дека парите се трошат, како што се рекоа, непринципиелно, со оглед на ситуацијата со јавниот превоз, притоа обвинувајќи дека јавниот превоз се наоѓа во голем хаос токму поради тоа. Тие посочија дека секогаш гласале принципиелно во врска со сите точки, и рекоа дека ќе продолжат така, но исто така нагласија дека се опозиција во Градот Скопје.
Директорот на ЈСП, Крсте Петрески, информирајќи за ситуацијата во претпријатието рече дека во моментов се располага со 326 автобуси од кои секој ден од 250 до 280 се во функција.
Градоначалничката Арсовска од друга страна, истакна дека токму поради блокадите на советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се случуваат сите препки и дека, како што кажа, токму поради нив, постигнати се само 250 проекти и покрај бројните опструкции од нивна страна, наместо можните 400 проекти. Таа ги повика нив, ако се опозиција, да дадат оставка сите членови по управните одбори во јавните претпријатија и во училиштата кои добиваат средства од градскиот буџет.
Расправата на седницата за предлог одлуката за изменување на одлуката за давање субвенции на ЈСП се уште трае.
Ново на Сител
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите