Во поодмината фаза изградбата на дополнителен дел од колекторот во Кавадарци
Во поодмината фаза е изградбата на дополнителен дел од колекторот за прифаќање на отпадните води во Кавадарци во должина од 330 метри, информираат од кавадаречката локална самоуправа. Работите стигнаа до локацијата под објектот „Три багрема“ меѓу селата Глишиќ и Марена.
– Во новата делница се вградени пвц цевки со профил „фи” 1000, со што е зголемана пропусната моќ на цевкводот за зафаќање на фекалните и отпадните води од градската канализациска мрежа.
За оваа намена општината инвсетира 3,5 милиони денари, од кои 2,7 милиони се обезбедени од буџетот, а останатите 800.000 денари од Министерството за екологија, појаснија од општината.
Ова е трета фаза од доградбата со што вкупната должина на колекторот достигна 2.270 метри. Колекторската мрежа треба да ги однесе отпадните води до локацијата на идната прочистителна станица под селото Марена.
-Овој еколошки проект е од исклучително значење за општина Кавадарци, бидејќи со негово заокружување после изградбата на прочистителната станица, реката Луда Мара која е реципиент на сите отпадни води од градот, ќе биде прочистена и во Вардар ќе се влева незагадена вода, нагласија од локалната самоуправа.
Ново на Сител
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје
-
Мечките повторно се спуштија во селата во Реканскиот регион
-
Светски ден на учителите - МОН почна кампања „Магијата е во знаењето“
-
Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици
-
Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип