ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пиунот на Заев кој ниеднаш не се спротивстави на погрешните политики
Зоран Заев си одбра послушен продолжувач на заевизмот во СДСМ во Димитар Ковачевски. Целиот циркус и драматизирање околу наводни демократски избори во СДСМ се непотребни. Јасно е дека Заев во приватната и заробена партија СДСМ си инсталираше свој пиун, наследник, портпарол и продолжувач на погубните политики.
Димитар Ковачевски е човек кој беше дел од погубните политики на Заев како заменик министер за финансии. Тој е дел од екипата поради која Македонија се дави во економска, енергетска и здравствена криза. Ниту еднаш не се спротивстави на политиките на Заев поради кои Македонија потона во криминал и корупција. Затоа за Заев Ковачевски е идеалниот наследник кој ќе молчи и ќе ги прикрива криминалите на неговиот ментор.
Ковачевски е втората генерација на олигархијата и транзициските политичари. Првата генерација преку приватизацијата грабаа, а овие вторите ја докусурија Македонија. Доста е од транзициските политичари. Граѓаните на избори јасно покажаа дека се против Заев и заевизмот. Народот бара суштински промени. Тие промени ќе дојдат после брзи предвремени избори кога Заев и заевизмот ќе биде испратен во историјата.
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“