Свет
18. April 2025 - 21:18

Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина

 
Русија и Украина утре треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.

Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.

За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници.