УНИЦЕФ: Боко Харам се повеќе користи деца за самоубиствени напади
Бунтовниците од Боко харам се повеќе користат деца за самоубиствени напади, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.
Во земјите, во кои дејствува Боко харам во регионот на езерото Чад, Нигерија, Нигер, Камерун и Чад, 27 деца биле искористени од исламистичката групација за самоубиствени напади во првите три месеци од оваа година. Минатата година 30 деца извршиле самоубиствени напади во тие држави. Повеќето биле девојчиња, се вели во извештајот на УНИЦЕФ.
Бунтот на Боко харам влегува во осмата година и во него доега загинале над 20 илјади лица.
Во 2014 година терористите од Боко харам киднапираа над 200 ученички од училиште во нигерскиот град Чибок. Утре се навршуваат три години од киднапирањето.
Во извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека исламистите често пати ги силуваат киднапираните, ги принудуваат да им станат сопруги на исламистички борци или да извршуваат самоубиствени напади.
Од 2014 година во регионот на езерото Чад се извршени 117 напади, од кои повеќето од млади луѓе, а 80 отсто од нив биле извршени од млади девојчиња, кои понекогаш биле дрогиорани, пред да бидат испратени „во мисија“, нагласува УНИЦЕФ.
Ново на Сител
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври