Уапсен дилер на дрога од Гостивар
ПС Гостивар поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.02.2017 година околу 22.30 часот на ул. ,,Тоде Богданоски“ во Гостивар полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот при што била пронајдена најлонска кесичка со непозната зелена растителна материја . Исто така, извршен е претрес во домот и помошните простории, сопственост на Б.А., татко на пријавениот, во село Балиндол каде биле пронајдени најлонски кесички со непозната зелена тревкаста материја и кеси со остатоци од непозната растителна материја. По извршено вештачење било утврдено дека се работи за 104,44 грама наркотична дрога “марихуана“, додека прашкастата материја со вкупна нето маса од 0,42 грама преставува опојна дрога “кокаин“. Пријавениот е лишен од слобода и на истиот изречена му е мерка притвор во времетраење од 48 часа.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска