Македонија
26. April 2025 - 12:29

ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од лице место биле се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

По наредба на јавен обвинител, се додава во соопштението, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот.