Свет
14. May 2020 - 9:23

Трамп: Неприфатлив одговорот на Фаучи за опасноста од брзо отворање на американската економија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека е изненаден од предупредувањето на главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи дека е опасно да дојде до брзо отворање на американската економија.

-За мене тоа е неприфатлив одговор, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа, по повод предупредувањето што Фаучи во вторникот го искажа во американскиот Сенат, пренесуваат британските медиуми.