Трајановски се сретна со сопственици на угостителски објекти од Скопје
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска се сретна со поголем број сопственици на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје за подобрување на забавниот живот и за понудата во главниот град.
- Целта на овие средби е сопствениците на угостителски објекти да ни дадат идеи како да се збогати забавниот живот во Град Скопје. Идеите ние ќе ги разгледаме заедно со тимот и со стручните лица и ќе дефинираме како тоа да го направиме. Целта е во август да понудиме одлична забава во Скопје зашто на 8 август ќе се одржи фудбалскиот Суперкуп, а од 7 до 12 август ќе се одржи и Скопскиот Пиволенд и од тогаш ќе почне големата забава во Скопје, истакна градоначалникот Трајановски.
Според него, сите тие што ќе останат во Скопје овој период, како и тие што дополнително ќе го посетат ќе бидат пречекани со многу забава и интересни содржини.
Хасан Даутовиќ од ресторанот „Austrian Palace“ во Старата скопска чаршија рече дека ги претставиле своите идеи и барања за подигнување на ноќниот живот во Скопје.
На средбата присуствуваа десетина сопственици на угостителски објекти од различни локации во Скопје, кои истакнаа дека имаат одлична соработка со Град Скопје.
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити