-->
-->
Трагедија во Македонија: Пронајден мртов маж во провалија длабока 50 метри, полицијата ја истражува причината за смртта
-->
Трагедија во Кичево, пронајден мртов маж во провалија длабка 50 метри. Според информациите на полицијата, вчера околу 14 часот во Полициското одделение Зајас било пријавено дека на локалниот пат за с.Речани, во провалија длабока околу 50 метри, пронајден бил Г.Џ.(58) од Кичево, додека на патот над провалијата било паркирано неговото патничко моторно возило „Голф“ со кичевски регистерски таблици. Од страна на Територијална противпожарна единица во Кичево лицето било извлечено и од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството