Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
Васил Јованов кој на пешачки ја усмрти Фросина Кулакова бара намалување на 12 годишната затворска казна. Жалбата со која бара ублажување на казната денеска ја разгледуваа судиите од повисокиот апелациски суд. Незадоволство од казната има и обвинителството, па преку вишото јавно обвинителство бара повисока казна за Јованов.
Одбраната побара казната за Јованов да биде во рамки на судската пракса. Сметаат дека случајот не треба да служи како почеток на заострување на казнената политика.
Во судницата се обрати и Јованов.
„Сакам да изразам најладабоко сочувство до семјеството на починатата. Имам голема грижа на совест и тешко ми е заради болката која ја предизвикав“ рече Јованов пред петтемина апелациони судии.
Јавната седница на која се бараше корекција на казната за Јованов, ја следеа и родителите на починатата Кулакова. Сметаат дека неговото каење не било искрено, и еднствена цел била да добие поблага казна.
Апелациониот суд во следниот период ќе одлучи дали казната од 12 години затвор за Јованов ќе ја потврди, или пак ќе прифати некоја од жалбите кои денеска ги презентираа обвинителствоот и одбраната.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар