Македонија
6. October 2025 - 16:31

Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии

Да се возобнови спортскиот центар Кале во соработка со општинските власти и градот, ветува независната кандидатка за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска. Спортскиот центар кој има капацитет да собере околу 3.000 луѓе во спортски активности, денеска стои напуштен, во руинирана состојба и служи како дива депонија.

Во општина Центар приоритет ќе биде здравјето на граѓаните, како и спортот вели Ивановска.

На кандидатот за градоначалник на Гази Баба, од партијата Демократи покрај приоритетите од комуналната сфера, чистење отпад и сообраќај, главно за што ќе се залага е департизацијата и нов изборен систем.

Од Левица очекуваат на овие локални избори партијата да биде фактор во советот во Охрид без кој нема да може да се формира мнозинство, за конечно да може да се реализираат проекти кои се во интерес на охриѓани.