Македонија
6. October 2025 - 16:32

Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања

ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите во кампањата обвини Филипче. Тој тврди началници од МВР водат  партиски состаноци. Филипче побара од министерот завнатрешни  да одговори дали се по негова наредба а ги повика и меѓународните институции да реагираат. Лидерот на СДСМ по една недела кампања оцени дека власта тоне во безидејност и нема што да им понуди на гласачите.

Сите урбанистички планови за Скопје ќе бидат достапни онлајн најави Шукова која вети нов, строг и еколошки Генерален урбанистички план. Меѓу врвните приоритети на кандидатката од СДСМ е и паметно решение за паркирањето во главниот град.

По принципот на ПОЦ ќе се воведе регулирање на паркинг местата и во О. Карпош.

Проширување на капацитетите на основното училиште Песталоци најави кандидатот за о.Центар.

Караванот на СДСМ вечерва ќе биде во општините Илинден, Петровец, Карпош и Центар.