Македонија
6. October 2025 - 16:32
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
Нови мега паркови, вклучително и преадаптација на депонијата Вардариште, како и 50 други мини паркови ветува кадидатот на ВМРО-ДПМНЕ за прв човек на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Парковите се дел од неговата програма за поздрава животна средина.
Мега парк, ќе биде граден и во Карпош до улицата Скупи, на лепенец на површина од 500 илјади квадарти, вели кандидатот Лукровски.
Еко мерки за Куманово пак, ветуваат од коалициската ЗНАМ.
Кај лидерот Мицкоски се уште фокусот во кампањата е да ги увери гласачите дека постои разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и опозциската СДСМ.
Караванот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска поминува низ Долнени и Македонскли брод, а централниот митинг е во Кичево.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->