Македонија
26. November 2025 - 13:22

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на патот Струга-Враништа

На 25.11.2025 во 13:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон с.Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од с.Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од Р.Ш.(65) од с.Враништа, струшко, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.