Мицкоски: Вреди ќе има ист број места во Владата, во понеделник предлог за пополнување на празните места
Пратеникот и екс-министер за здравство Беким Сали, веројатно ќе биде единственото име што во понеделник ќе се најде во предлогот на премиерот Мицкоски за нов член во неговиот кабиент. Извесно е дека ќе има и вицепремиерска и министерска позиција, но се уште се разговара кој ресор би ги презел.
По заминувањето на Изет Меџити празно засега е единствено министерството за животна, но премиерот вели дека се уште се разговара за позициите. Мицкоски е дециден дека Вреди со помените не добива плус место во Владата.
Сали е единственото име кое официјално го потврдуваат и од Вреди. Од таму велат дека меѓувладините и меѓукоалициските разговори течат, но и дека се прават пресметки за евентулна транзиција на нови пратеници од албанскиот блок, или пак, барем да се обезбеди Бадентерово мнозинство во Собранието за реформските закони од судството, Изборниот законик и новиот Народен правобранител.
Извори од албанската владина коалиција, пак велат дека на Сали му е понудено и министерскотот место за живтона средина, но тој засега не го прифаќа. Можно е да трансферира во место на Арбен Фетаи, како вицепремиер за добро владеење. Фетаи, пак, да го добие министерското столче за евроинтеграции, а министер за екологија да стане Мухамед Хоџа.
И со ваквите промени Вреди повторно би го имала истиот борј на владини членови.
Сепак, се’ ова треба да се очекува во втората фаза од владините измени планирани по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ сабота во Кавадарци. Можни се и промени и во редовите на владејачката партија, но и во редовите на ЗНАМ.
Но, тоа нема да биде класична реконструкција со смена на повеќе од 1/3 од владиниот кабиент на Мицкоски, со цел промените да поминат во побрза и пократка постапка во Собранието.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
