Македонија
26. November 2025 - 16:32

Муцунски: Бараме долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ за целосна интеграција на Западен Балкан

По засилените активности на злонамерни актери кои ги доведуваат во прашање европскиот и евроатлантскиот курс, потребна е долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ која ќе резултира со целосна интеграција на земјите од регионот во структурите на Алијансата и Унијата, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на отворањето на регионалната конференција „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”

НАТО е и ќе остане основата на европската безбедност, порача и заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шеќеринска. Ја потврди поддршката за Украина како еден од најголемите безбедносни предизвици и порача дека суштински е да се продолжи со притисокот врз руската агресија.

Дел од амбасадорите во земјава порачаа дека придонесот на секоја земја дел од НАТО или ЕУ е клучен за траен мир, стабилност и просперитет.

Експертската јавност испрати порака дека глобалната безбедносна средина се менува по се поизразените ризиците и хибридни закани.

Во рамки на конференцијата, беше промовирана и публикацијата „Низ мултиполарните води: Југоисточна Европа и стратегијата на ЕУ за Кина“.