Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“, јавниот простор го враќаме на граѓаните

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало.
Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор.
„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето на просторот што подолго време беше бесправно узурпиран.
Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.
Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред во општината.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“, јавниот простор го враќаме на граѓаните
-

Спречен обид за криумчарење хашиш на Меѓународниот Аеродром Скопје
-

Труење на ученици во скопско училиште
-

Хрватска ги забранува мобилните - и на часовите и на одморите за децата во основните училишта
-

Инцидент пред влезот во српското Собрание
-

Гаши: Евроинтеграцијата не се гради во Брисел, туку дома
-

Жителка на Липково измамена за 165.000 денари за наводно вработување во Швајцарија
-

Големо олеснување за македонските граѓани: Словенија ќе ги признава возачките дозволи без практичен испит
