Свечена заклетва на војниците на доброволно служење во АРМ во велешката касарна
Во Командата за обука и доктрини КОД, а во чиј состав е и Центарот за индивидуална обука во касарната во Велес денеска свечена заклетва дадоа младите војници на доброволно служење во АРМ од генерацијата октомври 2017. Во оваа генерација се 77 војници меѓу кои осум се девојки.
Потполковник Арбен Јакупи командантот на ЦИО Центарот за индивидуална обука, кој е во рамките на КОД им ја читаше Свечено обврска а младите војници во свечен строј повторуваа по него и се заколнаа на верност на служење на одбраната на својата татковина.
- Вие во наредните три месеци ќе ја поминете основната воена обука и со вас ќе работат врвни старешини. По успешно дадената обука вие можете да се пријавите за еден од конкурсите за служба во АРМ, потсети потполковник Јакупи.
Свечено дадената обврска им ја честитаа и директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски и Драган Николиќ државниот секретар во Министерството за одбрана, а кои им посакаа успешна обука и да бидат гордост на АРМ.
Ново на Сител
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон