СПМ: Лидерите на СДС и ДУИ нудат безобѕирна реторика
Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од безобѕирната реторика што деновиве ја нудат лидерите на СДС и ДУИ во предизборните настапи и говори, наведува СПМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално:
Наместо предлози, проекти и визија за иднината на земјата и на граѓаните во локалните заедници тие предлагаат насоки за уништување, раздор и поделба на државата. Наратив кој е добро познат на македонската јавност.
Со празни и дрски говори и настапи, без идеи и најави за раст и развој, тие се натпреваруваат кој полошо да каже и да ја навреди државата и народот во Македонија.
Со безобзирни лаги и клевети се трудат да го свртат вниманието од криминалите и злоделата што ги правеа и кои се уште се обидуваат да ги прават и да не одговараат.
Прочитани се СДС и ДУИ и не можат да очекуваат доверба за лица и партии кои немаат знаење и капацитет да управуваат, но затоа се вешти во манипулациите и лажењето на граѓаните.
Сведоци сме на целосно антимакедонско разголување и партиска демонтажа на политички опции во распаѓање.
Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција „Твоја Македонија“, Коалиција која единствено се потврди со остварени проекти и политики во интерес на граѓаните и државата.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“