Со 72 полицајци и 40 службени возила се обезбедува скопскиот регион зафатен од поплавите
Во периодот од 20.08.2016 година до 22.08.2016 година СВР Скопје продолжи со преземање мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, Општина Гази Баба со селата Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и Арачиново, со цел справување со последиците од елементарната непогода која го зафати Скопје и неговата околина.
Притоа, соопшти денеска МВР, се преземаа мерки и активности за справување со елемeнтарната непогода, санирање на штетите и соодветен проток на сообраќајот во кризното подрачје.
Од страна на СВР Скопје ангажирани се 72 полициски службеник и 40 службени возила распоредени во седум сектори. Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, фотографирани се вкупно 14 ПМВ.
Сообраќајно обезбедување со пренасочување е извршено на подрачјето на Општина Гази Баба, односно на потегот од клучка Арачиново до населба Сингелиќ, раскрсница со ул.Методија Андонов Ченто, ул.Алија Авдовиќ, ул.Радован Ковачевиќ и од крстосницата со ул.Методија Андонов Ченто, ул.Алија Авдовиќ и ул.Радован Ковачевиќ кон село Стајковци
Ново на Сител
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје
-
Мечките повторно се спуштија во селата во Реканскиот регион
-
Светски ден на учителите - МОН почна кампања „Магијата е во знаењето“
-
Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици
-
Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип