Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври
„Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, е темата на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), што ќе се одржи во Скопје од 28 до 30 октомври. Домаќин на форумот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA i ESCWS).
Од МЕРМС денеска најавија дека Форумот ќе обедини над 600 учесници, владини претставници, меѓународни организации и банки, академската заедница, приватниот сектор и граѓански организации, од 70 држави.
Како што соопштија постојаниот претставник на УНДП во Скопје Армен Грегоријан и министерката Сања Божиновска, ќе се понуди сеопфатна перспектива за глобалната енергетска транзиција преку споделување национални и регионални стратегии за забрзување на чиста енергија, претставување на иновативни технологии и решенија од меѓународни организации, приватниот сектпр и академијата. Исто така, ќе бидат промовирани механизми за финансирање и партнерства и обезбедување инклузивно учество на младите, жените и граѓанското општество.
- На организацијата работевме една година, форумот е многу значаен, обезбедивме над 150 експерти кои ќе бидат панелисти на 35 сесии. Форумот ќе заврши со заедничка декларација, изјави министерката Божиновска.
На отворањето на форумот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и извршната секретарка на UNECE Татијана Молкеан.
Форумот IFEsD-14 во Скопје ќе се надоврзе на резултатите од минатогодишното издание, што се одржа во Бангкок, а со цел да да обезбеди платформа за конкретни акции и политики кои ќе ја забрзаат праведната и инклузивна енергртска транзиција.
МИА
Ново на Сител
-
Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика
-
Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на договорот влада со влада
-
Се заканува ли епидемија од сметот во Скопје?
-
Само еден глас пресуди да станат градоначалници
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници, има апсолутно мнозинство во локалната власт
-
Мециновиќ бара јавен дуел
-
Камиони, пари, станови и земјиште – замрзнат e имот на бизнисменот Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“