СЈО и Советот на јавни обвинители одржаа работна средба за случајот „Пуч“
Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите- Скопје денеска одржаа работна средба во врска со случајот „Пуч“.
Како што се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители, на средбата се дискутирало по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот, познат во јавноста како „Пуч''.
Истражителите од СЈО и членовите на Советот одлучиле ваквите средби да продолжат по потреба и во иднина.
По завршувањето на средбата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека станува збор за работна средба на која, меѓудругото, станало збор и за проблемите со кои се соочува ова обвинителство.
Јанева минатата недела имаше средба со претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски во врска со преземањето на списите и документацијата од предметот „Пуч“ од страна на Советот.
По средбата Аневски рече дека пет обвинители од СЈО ќе се сретнат со членовите на Советот на јавни обвинители и ќе ги образложат причините за откажувањето на СЈО од случајот „Пуч“.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) минатиот месец се откажа од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт била во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.
Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Ново на Сител
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-
Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-
Преглед на вестите од светот