Сакате да глумите: Кастинг за филмот „Златна петорка“ во Струмица и Скопје

Долгометражниот игран филм под работен наслов „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, поддржан од Агенцијата за филм на РМ влегува во фаза на продукција.
Сценариото е работено по драмски и прозни мотиви на Братислав Ташковски, продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, а филмот треба да го монтира Андрија Зафрановиќ.
Филмот е во продукција на „Револушн“ - Скопје, копродуцент е Македонската телевизија, а помагатели на проектот се општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово и Ново Село.
Кастингот за некои улоги и за статисти за играниот филм ќе се прави утре во Домот на АРМ во Струмица и на 31 јули во „Вардар филм“ во Скопје.
- Филмот е замислен како фикција за една прекината и за една започната љубов, меѓу кои лебдеат копнежот и предавството. Во филмската приказна нè водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Сѐ додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951 при што е ликвидирана група студенти од Струмица, соопшти продукцијата.
Снимањето ќе почне во втората половина на септември. Филмот се очекува да биде завршен за киноприкажување напролет со премиера на некој од светските филмски фестивали.
Ново на Сител
-

Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-

Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-

Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-

Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-

Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини
-

Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-

Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-

Преглед на вестите од светот
