-->
-->
Саем за вработување во Кочани
-->
Нови работни места за кадри во текстилната, дрвната и машинската индустрија понудија 22-текомпании од Источниот регион на Македонија кои учествуваа на денешниот Саем за вработување во Кочани.
Ова е четврта ваква манифестација од вториот циклус што ја организира Агенцијата за вработување на Република Македонија, по претходно организираните три во Прилеп, Струга и Велес.
- И овој саем покажа дека успешноста на ваков вид манифестации е голема. Ефектите покажуваат дека само од првиот саем одржан пред три недели се вработени 108 лица, изјави директорот на Агенцијата Влатко Поповски.
Тој очекува и денешниот саем да даде резултат особено ако се земе предвид, како што нагласи, дека најголем интерес за вработување има за техничките кадри.
Следниот Саем за вработување, најави директорот, ќе се одржи наредната недела во Радовиш и на него е предвидено да настапат 20 компании од Радовиш, Струмица и Валандово.
Компанијата Јумис од Кочани на денешниот Саем за вработување ги искажа своите потреби од квалитетна работна сила во дрвната индустрија, додека компанијата Алма има потреба од текстилни работнички.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче