Роднокрајни поетски средби
Во организација на Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ вечер на „Сцена 112“ во Струмица ќе се одржат традиционалните Роднокрајни поетски средби.
Покрај стандардните роднокрајни поети и автори, ќе се претстават и Давор Крстевски и Иле Наумов од Куманово, а промовирана ќе биде и првата стихозбирка „Јас, Квентин Скриблер“ на Јосип Коцев.
- Целта на манифестацијата која се одржува осми пат, е да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за нивно запознавање, презентација и промоција, како и да и понуди на публиката поети од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а имаат желба тоа да го направат, велат организаторите.
На досегашните седум Роднокрајни поетски средби учествувале преку педесет автори од Струмица, регионот и пошироко.
Ново на Сител
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија