Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
Ветрот ја рашири токсичната пепел од РЕК Битола, која треба да биде складирана во специјални касети и да се затрупа со земја- граѓаните од околината загрижени алармираа со видеа и фотографии на социјалните мрежи.
Битолското Обвинителство отвори предмет- по наредба на обвинителите и инспектори од Инспекторатот за животна средина извршија вонредни инспекции, но отаму не можат да споделат повеќе информации околку што било утврдено бидејќи предметот се наоѓа во предистражна постапка велат за Сител. Докоментите и извештаите ќе бидат доставени до Обвинителството кое ќе треба да утврди дали има основ за кривично гонење.
-Надзорот беше извршен и беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина/пепел на одлагалиштето за пепел, поради што ДИЗЖС наложил на РЕК Битола да ги отстрани утврдените недостатоци и да достави резултати за извршени мерења на амбиенталниот воздух на одлагалиштето за пепел во рок од 30 дена од извршениот надзор, соопштија од Обвинителството.
Еко активистите од Битола велат дека станува збор за децениски проблем- ситуацијата е катастрофална во пелагонискиот регион, а институциите и прогледуваат низ прсти на РЕК Битола. Справувањето со токсичната пепел е под сите стандарди.
РЕК Битола веќе работи на отстранување на пепелта која не е соодветно депонирана, а до крајот на април, има обврска да изврши мерење на амбиенталниот воздух на локацијата каде што се складира пепелта.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар