Републиканците ја задржуваат контролата над двата дома на Конгресот
Републиканската партија на САД ќе ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот, со што ќе биде ставен крај на надежите на демократите да го променат соодносот на силите, барем во горниот дом - Сенатот, јави ДПА.
Ова го покажуваат последните прогнози на резултатите, вклучувајќи ја трката во повеќето спорни изборни единици.
Досега републиканците имаа 54 места во Сенатот наспроти 44 на демократите, а двајца независни сенатори гласаа заедно со демократите.
Според последните податоци на весникот „Њујорк тајмс“ републиканците сега ќе имаат 51 место, а демократите 47.
Вчера се гласаше за обновување на една третина (34) од местата во Сенатот.
Републиканците успешно ги заштитија нивните места, кои се сметаа за загрозени, во државите Северна Каролина, Индијана, Висконсин, Мисури, Пенсилванија, Флорида и Аризона, покажуваат прогнозите за резултатите.
Претставничкиот дом, се состои од 435 народни избраници, и целосно се обновува на секои две години.
Според последните прогнози на резултатите, републиканците и таму се во водство со обезбедени 235 места наспроти 183 на демократите.
Реизбран е и лидерот на Претставничкиот дом - републиканецот Пол Рајан, пратеник од државата Висконсин.
Рајан, како и сенаторот Меккејн, се критички настроени кон нивниот сопартиец Доналд Трамп, кој ја доби битката за Белата куќа.
Претстои да се види дали критично настроените републиканци кон Трамп, ќе работат со него или ќе спроведуваат сопствен политички дневен ред, забележа ДПА.
Ново на Сител
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот