Рекет на Надал продаден за 118.000 долари
Рекетот со кој играше Рафаел Надал во неговата победа во финалето на Ролан Гарос во 2007 година над Роџер Федерер е продаден за 118.026 долари на аукција денеска, со што доби статус на еден од најскапите тениски реквизити во историјата.
Надал во финалето во Париз во 2007 го совлада Федерер со 6-3, 4-6, 6-3, 6-4, и го освои третиот во неговата колекција од 19 грен – слем титули, од кои дури 14 на Ролан Гарос.
Рекетот со кој Надал играше и на претходните дуели на изданието на Ролан Гарос во 2007, вклучувајќи го и неговиот триумф во полуфиналето против Новак Ѓоковиќ, досега беше сместен во австралискиот Музеј на тенисот, кој неодамна беше затворен.
Претходните најскапи поединечни аукциски продажби на тениски рекети ги вклучуваат рекетот на Надал од Австралија опен 2022 продаден за 139.700 долари, рекетот „Batlle of the Sexes“ на Били Џин Кин (125.000 долари) и рекетот на Ѓоковиќ од Ролан Гарос 2016 година, кој беше продаден за 107.482 долари.
Ново на Сител
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции