Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании.
- Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, истакна Зафировски.
Тој потсети дека автобусите имаат потерба од редовно сервисирање како и секојдневна употреба од гориво за да возат и ннгласи дека поради овие трошоци мора редовно да им се уплаќаат средства за да нема прекин, а граѓаните да не чекаат по автоубските станици.
Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во момент биле доспеани 90 милиони денари. Тие денеска возеа редузирано од 5 до 10 часот, а од утре се враќаат по редовен возен ред.
МИА
Ново на Сител
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември
-
Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,1% годинава
-
Македонија од денеска во СЕПА, плаќањето кон ЕУ поевтино
-
Дали е безбедна ајварката?
-
Синдикат на судска полиција: Незадоволително ниво на безбедноста на судовите
-
Мали шанси да се укине ветото во ЕУ, но големи шанси за притисок врз блокирачите
-
Кои се ветувањата на скопските кандидати за градоначалници за главниот град?