-->
-->
39 годишник од Кочани претепан до смрт на улица во Љубљана
-->
До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.
Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
-Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, соопшти МНРиНТ.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена, но унгарскиот народ одлучи
-
Црвен метео аларм во Бугарија и Романија
-
Приведени двајца криумчари од Скопје, пронајден илегален мигрант од Турција
-
МЕП: Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра
-
Приведени две италијански државјанки на ГП Табановце, кај нив е пронајдена дрога
-
На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори
-
Приведен 41-годишник од Скопје, фатен како одзема нафта од училиште
-
Филмска полициска бркотница и пукање вчера во Скопје, осуденици со Ренџ Ровер завршија во ендек