Дали е безбедна ајварката?
Државниот инспекторат за земјоделство и АХВ вршат вонредни контроли кај извозникот, откупувачите и производителите по известувањето дека во црвена пиперка од Македонија продадена во Хрватска е најден инсектицидот метомил од 0,049 mg/kg.
Пратката од околу 156 тони била извезена на 09.09.2025, и по гранична контрола била пуштена во Хрватска. Примерокот за анализа е земен на 23.09.2025 година од малопродажната мрежа, а известувањето дека е пронајден метомилот е испратено до земјава на 03.10.2025.
Институциите немаат информација дали пиперките се повлчени или уништени во Хрватска, извозникот не е производител и тврди дека досегашните анализи во акредитирани лаборатории не покажале пречекорување.
Метомилот е забранет за увоз, продажба и употреба во Македонија, и доколку е пронајде ќе следуваат санкции.