Македонија
7. October 2025 - 16:57

Кои се ветувањата на скопските кандидати за градоначалници за главниот град?

Ако пред повеќе од 300 години во октомври, Пиколомини го срамни со земја Скопје, овој октомври оној што ќе стане градоначалник на главниот град ветува дека како феникс ќе го издигне од пепелта.  Градот убав пак ќе никне- со мега паркови, нула фатални сообраќајни несреќи, функционален јавен превоз, железничка линија, конгресен центар.

Ветувањата на кандидатите за градоначалници се дека Скопје ќе стане светска метропола.

Нов кружен тек во Бутел и реконструкција на околу 50 улици со кои, според планот на кандидатот за градоначалник, Орце Ѓоргиевски до 2030 година нема да има повеќе фатални сообраќајни несереќи. Но покрај урбанизацијата, ќе се гради и мега парк во оваа општина.

Со катни гаражи сообраќајниот хаос ќе го решава и кандидатката на СДСМ, Каја Шукова. Освен решавање на метежот, планот на Шукова е Скопје да се отвори кон светот со нов конресен центар, а скопската метропола да биде домаќин на големи светски конференции.

Како најгорлив проблем на скопјани се покажал јавниот превоз, па речиси и да нема кандидат за градоначалник што во својата програма не понуди решение за овој проблем.

Амар Мециновиќ, ветува дека ако ја добие поддршката од скопјани, ќе набави нови автобуси и ќе воведе нови автобуски линии, а како клучен приотитет е ставање во функција на градскиот воз и поврзување со железничката инфраструктура во соработка со централната власт.

Јавниот превоз ќе го решава и кандидатот на ГРОМ, Александар Трајановски, а акцент во неговата програма дава и за хигиената на Скопје. Предлага Комунална хигиена и ЈП Паркови и зеленило да бидат дисперзирани кон општините.

Првиот круг на изборите каде што скопјани ќе го дадат својот глас за нов градоначалник на градот е на 19 октомври.