Loading Video...
Свет
2. January 2025 - 12:14

Преглед на вестите од светот

12 лица се убиени, а четири се ранети во Цетиње откако 45-годишниот Ацо Мартиновиќ пукаше на повеќе локации во градот. На две локалции уби по четири луѓе, а на трета две деца на 13 и на 10 години и на уште две локации по едно лице. Обвинителката Андријана Настиќ потври дека во Цетиње се убиени 12 лица – седум мажи, три жени и две деца , а осомничениот Мартиновиќ потоа извршил самоубиство. Повредени се четири лица, кои се згрижени во клиничкиот центар и на сите им се извршени операции.

Директорот на полицијата Лазар Шчепановиќ изјави дека откако Мартиновиќ бил опколен од полициските сили, самиот си пукал во главата и од тие повреди починал на пат кон болница. Притоа искажа благодарност до поширокото семејство на Мартиновиќ за соработката, а напомена и дека граѓаните на Цетиње можат да се вратат на нормалниот живот, откако синоќа имаше препорака да бидат на безбедни места.

Мартиновиќ започнал со злосторството во ресторан во Велестово, во близина на Спортскиот центар. По вербална расправија со гостин, се вратил дома, зел пиштол и се вратил во ресторанот, каде што убил четири лица. Тој бил познат по непредвидливото однесување и дека во минатото бил приведен за нелегално поседување оружје.

Тридневна жалост е прогласена во Црна Гора за трагедијата во Цетиње, а голем број настани пред се музички се откажани.

Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, е човекот виновен за инцидентот во Њу Орлеанс во утринските часови од новогодишната прослава, кога загинаа 15 лица, а 30-тина се повредени откако возило влета во поголема група луѓе. Тој со својот камионет се заби во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс. Џабар отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан. Напаѓачот бил убиен на местото на злосторството во размена на оган со полицијата.

Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени  во експлозија на електричен автомобил  „Cybertruck“  на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск,  што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната ндржава Невада. Во возилото биле пронајдени Експлозивни направи, што полицијата ги опиша како пиротехнички средства, плински боци и гориво за кампување, за кои се верува дека биле поврзани со систем за детонација контролиран од возачот.

Властите истражуваат можни врски помеѓу оваа експлозија и нападот во Њу Орлеанс.