Преглед на вестите од светот
Најмалку 20 луѓе загинаа во силните ветрови и поројните дождови што зафатија делови од САД за време на викендот. Поројните дождови предизвикаа излевање на голем број реки и поплави во сојузните држави Тенеси, Кентаки, Арканзас и Мисури.
Малото гратче Рив во Тенеси е целосно под вода. Метеоролозите предупредуваат дека опасноста се уште не е помината, бидејќи и во наредните денови очекуваат силни врнежи што дополнително би го подигнале нивото на водостојот на реките.
Српскиот претседател александар вучиќ го предложи Ѓуро Мацут за мандатар на новата влада. Мацут, кој доаѓа од редовите на владејачката Српска Напредна Странка по професија е лекар ендокринолог и редовен професор на медицинскиот факултет во Белград. Тој е и еден од иницијаторите на новото движење на претседателот Вучиќ, Движењето за народот и за државата.
Според претседателот на Србија Ѓуро Мацут ги поседува потребните професионални и лични квалитети, како и стручност и посветеност да ја извршува функцијата премиер. Рокот за избор на нова влада е 18 април. Потребата за нов мандатар во Србија доаѓа откако претходниот премиер, Милош Вучевиќ, си поднесе оставка од функцијата на крајот на јануари, по напад врз студенти во Нови Сад. Парламентот ја констатира неговата оставка на 19 март, со што падна и владата.
Родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Криви Рог повторно мета на руските ракети. 12 лица меѓу кои и деца загинале во нападот во кој била погодена станбена зона соопшти шефот на градската управа, Олександр Вилкула.
Украинскиот претседател изјави дека им наредил на своите министри за одбрана и за надворешни работи да ги интензивираат контактите со меѓународните партнери, особено со сад, за да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана.
-Треба да ја зајакнеме нашата противвоздушна одбрана, ова е објективната реалност. Сите договори постигнати со нашите партнери кои сè уште не се реализирани треба да бидат максимално активирани, изјави Зеленски.
Францускиот претседател Макрон го повика неговиот руски колега Путин да престане да одолголекува и да го прифати американскиот предл за мир во Украина.Руското министрство за одбрана пак извести дека во текот на изминатите 24 часа, украина извршила седум рунди напади врз руската енергетска инфраструктура, оштетувајќи единици за снабдување со електрична енергија поради што неколку места останале без струја.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар