Повик од 26 македонски историчари за одбрана на уставното име, јазикот и историјата
Дваесет и шест историчари, доктори по историски науки и универзитетски професори се спротивставуваат и ги отфрлаат обидите за, како што сметаат, редефинирање, промена и фалсификување на македонската историја, чија конечна цел, според нив, е уништување на македонската нација со сите нејзини идентитетски обележја.
Во писмо-обраќање во врска со, како што наведуваат, актуелните состојби поврзани со идентитетските прашања, тие ја повикуваат македонската јавност да ги поддржи нивните барања за одбрана на уставното име, македонскиот јазик и македонската историја.
- Исправени пред конечната разрешница на македонското прашање, која може да биде со катастрофални последици за Република Македонија и македонскиот народ, ние, како македонски интелектуалци, историчари, универзитетски професори остро се спротивставуваме на обидите за промена на вековното историско име на нашата држава – Македонија. Се спротивставуваме и ги отфрламе обидите за редефинирање, промена и фалсификување на македонската историја - чијашто конечна цел е уништување на македонската нација со сите нејзини идентитетски обележја, пишува во писмото-обраќање на историчарите.
Тие ги повикуваат сите општествено-политички фактори во Република Македонија да застанат во одбраната на уставното име, македонскиот јазик и македонската историја.
- Како интелектуалци ја повикуваме власта и опозицијата во Република Македонија да постигнат единство околу македонските државни и национални интереси и да пристапат кон изготвување македонска државна стратегија во која јасно ќе бидат дефинирани столбовите на македонската државност за кои ќе нема никакви преговори, пишува во писмото-обраќање потпишано од 26 историчари, меѓу кои Виолета Ачкоска, Тодор Чепреганов, Никола Жежов, Михајло Миновски, Александар Стојчев, Новица Велјановски..
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија