Ерупцијата на вулканот на Хаваите им се заканува на стотици домови, а досега се уништени најмалку 36. Околу 2.000 жители се повикани на итна евакуација. На некои им е дозволено да се вратат и се обидуваат да ги спасат своите домашни миленичиња и да дојдат до потребните лекови.
Властите на Хаваи им наложија на граѓаните да ги напуштат своите домови откако се појавија две нови пукнатини покрај вулканот Килауеа, по ерупцијата пред недела дена и серијата силни потреси.
Вулканот Килауеа е еден од најактивните вулкани на светот. Неговата ерупција трае од 1983 година, а лавата овој пат се спуштила до населените подрачја на 3 мај.