Почнува 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“
Со претставата „Куќата на Бернарда Алба“ од Фредерико Гарсија Лорка во изведба на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија, во Сули Ан, вечер почнува 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“.
Годинашното издание на фестивалот што ќе трае до 18 октомври, е под мотото „За здрав дух“, а сите претстави, освен вечерашната, ќе бидат во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Освен од Албанија, на „Скупи“ гостуваат и театри од Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и Бугарија.
Програмата продолжува утре со „Ѕверот“ на театарот „У Моста“ од Перм, Русија, додека задутре е драмата „Маченик” во изведба на Градскот театар Ѓаковица, Косово.
Во недела, на 15 октовмри, публиката ќе може да ја види изралеската монодрама „Пуши како маж“, инспирирана од животот на Фрида Кало, следната вечер е резервирана за „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград, а на 17 октомври е „Зборувај Медеа” на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран.
Фестивалот завршува со бугарската претстава „Слугинките“ на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софиа.
Ново на Сител
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-
Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-
Преглед на вестите од светот