-->
-->
Плата 1.200 евра, кирија 15 евра: Ова е градот во кој мечтаат да живеат многумина
-->

До сега се изградени околу 350 куќи, а следните две години би требало да се изградат уште 250. Просечната плата е 1.200 евра а киријата 15 евра. Моментално нема ниедна личност која е без работен однос.
Градот Мариналеда во Шпанија е место каде што голем број на луѓе посакуваат да живеат и работат. Навалата за вселување во градот е голема, а до пред одредено време воведени се и редови на чекање, кои се долги и до две ипол години.

Голем број на луѓе посакуваат да обезбедат себе и на своето семејство подобро место за живот, место каде што ќе бидеш обезбеден и добро платен за работата која ја извршуваш. Поради тоа и овој град на југот на Шпанија стана толку популарен а навалата за населување е огромна.
Во Мариналеда моментално живеат околу 2.700 луѓе, на површина од 25 илјади квадратни километри и дефинитивно е едно од најпопуларните места за живот.
До сега се изградени околу 350 куќи, а следните две години би требало да се изградат уште 250. Просечната плата е 1.200 евра а кирија 15 евра. Моментално нема ниедна личност која е без работен однос.
Инаку жителите на овој град не се плашат да ги изјаснат своите политички убедувањња. Наместо светлечки реклами и брендови - уличната уметност во облик на графити со пораки, подршка и солидарност од земјите како Куба и Венецуела. Улиците носат имиња на славни борци за работничките права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.
Додека останатиот дел од Шпанија се бори со домашните олигарси и странските банки кои ја превземале земјата, одлуките во овој град се носат директно на демократски начин на неделните состаноци кои обично ги посетуваат околу 300-400 луѓе. Додека невработеноста во Шпанија е на ниво од 27 проценти во Мариналеда е остварена целосна вработеност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
-

Нема економска оправданост за интервентно зголемување на минималната плата, вели Дурмиши
-

Државата повторно ќе издава граѓански обврзници
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

Како ќе ги вратиме младите и успешни кадри?
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

СДСМ: Да се прошири истрагата
