Државата повторно ќе издава граѓански обврзници
Државата повторно ќе издава граѓански обврзници. Иако со доаѓањето на власт го оценија проектот на претходниот министер за финансии Бесими како неуспешен, денеска Кочоска најави – се подготвува проспект за нова граѓанска обврзница. Ќе биде објавен до крајот на годината, без да се прецизира на колкава сума би бил, колку ќе изнесува каматата и колкава би била рочноста.
-Министерството за финансии ќе продолжи со објава на нови емисии на граѓански обврзници. Проспектот за новата емисија се подготвува и се очекува да биде објавен до крајот на годината. Имено, во Министерството за финансии во изминатиот период се работеше на анализа на финансискиот пазар и трендовите во регионот и Европа во насока на диферзификација на понудата на финансиските инструмени за инвестирање и веќе се работи на подготовка на нова емисија Граѓанска обврница, изјави Гордана Димитриоска Кочоска, министер за финании.
Државата до сега издаде две емисии на граѓански обврзници, во вкупен износ од 41,1 милион евра. Првата беше издадена во јули 2023 та, а втората во ноември истата година. Каматата која ја добиваа граѓаните изнесуавше 5 отсто годишно, а рокот на доспевање две години.
За првата по основ на камати се исплатија 1,2 милиони евра, додека втората за исплата доспева утре. Државата на граѓаните ќе им врати 17,6 милиони евра, колку што вложија во овие хартии од вредност, и плус 880 илјади евра по основ на камати.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
