Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
Неизвесна судбината на Лукоил во Европа. Швајцарската компанија Гунвор груп го повлече предлогот за купување на рускиот нафтен гигант вреден 22 милијарди долари - откако американското министерство за финансии објави дека аквизицијата нема да добие одобрение, се додека Путин продолжува да војува со Украина. Сега се бара нов купувач. Но времето е кратко - до 21 ноември има уште две недели.
Од македонско руската комора се надеваат дека сепак продажбата ќе успее и Лукоил Македонија ќе продложи со работа.
Во однос на тоа какви последици би имало ако не дојде до тоа, сметаме дека и Вам и на пошироката јавност и е повеќе од јасно, дека доколку компанијата престане со работа, во Македонија ќе останат околу 550 лица без работа, буџетот ќе биде пократок за сериозна сума на средства кои се плаќаат од страна на Лукоил Македонија по основ на даноци и други давачки (досега платени повеќе од 850 милиони евра). На потрошувачите ќе им биде скратена можноста за точење на високо квалитетни горива, кои секако влијаат и на екологијата во нашата земја. А секако ќе се изгуби сериозен партнер во областа на енергенсите, партнер кој е докажан пријател на сите граѓани и потрошувачи во Македонија., велат од македонско руската комора.
Во меѓувреме, на бензиските пумпи на Лукоил во земјава стои ознака дека не може да се плаќа со ВИСА и Дајнерс картиците. Официјално образложение зошто е забрането - нема.
Инаку Лукоил е присутен во над 30 земји, вклучувајќи и рафинерија во Бугарија и Романија, нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак и Мексико, како и малопродажна мрежа за гориво од северна Америка до Европа. Бугарскиот парламент денеска го усвои Законот за регулирање на еконосмките активности поврзани со нафта и нафтени деривати, и назначи вонредни овластувања на специјалниот менаџер во Лукоил, чија цел е да обезбеди рафинеријата во Бургас да продолжи со работа. Тој ќе може да продава акции.
Tој ќе има и право да продава, прецизираше Борисов. Го бркаме рокот од 21 ноември за сè да заврши. Тактиката што ја усвоивме е парите од продажбата да одат на посебна сметка, таа ѝ припаѓа на руската компанија, но тие нема да можат да ја користат како во Германија, Белгија и нашите партнерски земји, истакна Борисов.
Пред само два дена Гунвор предупреди дека Европа може да се сoочи со недостиг на гориво и губење на работни места, ако регулаторот не го одобри преземањето на Лукоил. Сега, иако официјално го повлече предлогот, остави отворена можнoста за повторно разгледување од страна на американското министерство за финансии.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
