Бизнис
10. November 2025 - 19:51

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари

Најмалку по 300 евра ќе им легнат на сметките на работниците до крајот на годината. Согласно законот, газдите до 31 декември треба да исплатат регрес за годишен одмор, кој изнесува најмалку 40% од просечната плата, а најмногу 100 отсто..  К15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор.

- Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согалсно законот е утврден на 40% од просчената исплатена плата и за оваа година сумата е 18,141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ

Работодавачите веќе си ги знаат обврските и ретко кој не исплаќа К15, вели Пешевски. Минатата година имало само 22 пријави од вкупно 4,000 работници и тоа претежно од текстилната индустрија. За годинава се очекуваат помали бројки, со оглед на тоа дека расте бројот на работодавачи кој исплаќаат 100 отсто од сумата. Но, тие најчесто се странски компании.

- Позитивен пример се странските компании од градежниот сектор кои работат во Македонија. Тие исплаќаат 100% од сумата, но има и голем дел македонски компании, кои исто така исплаќаат регрес од 45,000 денари. Сепак има и газди, претежно од малите фирми кои исплааат регрес ни денар повисок од законскиот минимум, додава Пешевски

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.