Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот во Судан и отворање хуманитарни коридори

Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори во Судан, велејќи дека со „длабока тага“ ги следи извештаите за тешки манифестации на насилство во градот Фашир, во суданскиот регион Дарфур.
„Неселективното насилство врз жените и децата, нападите врз беспомошните цивили и пречките за хуманитарните мисии предизвикуваат неприфатливо страдање“, рече папата во својата неделна молитва во Ватикан.
Тој ја повика меѓународната заедница да биде решителна за да ги поддржи напорите за обезбедување помош на жртвите.
Според Канцеларијата за човекови права на ОН, се верува дека стотици цивили и невооружени борци се погубени во Фашир, последното големо упориште на суданската регуларна армија во западниот регион Дарфур. Минатата недела тој падна во рацете на паравоените Сили за брза поддршка, со што заврши нивната 18-месечна блокада.
Папата Лав Четиринаесетти, исто така, посвети внимание на ситуацијата во Танзанија, каде што избувнаа немири по претседателските избори, што резултираше со жртви. Тој ги повика сите страни да се воздржат од насилство и да го следат патот на дијалогот.
МИА
Ново на Сител
-

Доминација на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори: 55 градоначалници со се и тој на Скопје
-

Оставки во СДСМ по локалните избори – Филипче не се повлекува
-

Вреди го победи ДУИ по бројот на градоначалници
-

Какви јавни претпријатија наследи Орце Ѓорѓиевски?
-

Мисијата ОБСЕ/ОДИХР со оценка за локалните избори
-

Антикорупциска ги отфрли пријавите за прекрушувања на изборните правила
-

Нови пратеници на местото на тројца градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
-

Велосипедист усмртен пред мостот Гоце Делчев - возачот избегал
