Панел дикусија „Политики за сајбер криминал“

Политики за сајбер безбедност - транспонирање на Директивата 2016/1148 на ЕУ, за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи, е темата на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на министерствата за информатичко општество и администрација и за одбрана.
Најавени се обраќања на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и излагања на претставници од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика од Министерството за внатрешни работи и од Агенција за електронски комуникации.
На панел дискусијата најевно е учество и на претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Јавтното претпријатие за државни патишта, ИКТ комората при Сојуз на стопански комори, Народна банка на Република Македонија, МЕПСО, ЕВН, Македонски Телеком, претставници од банките во државава, академскиот сектор,...
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
