Општина Босилово се подготвува за референдумот за рудниците
Општина Босилово се подготвува за референдумот за рудникот Иловица што ќе се одржи на 3 септември. До утре до полноќ гласачите од оваа општина кои сакаат да го дадат својот глас, а се болни или немоќни, треба да се пријават од Општинската изборна комисија (ОИК) за да го остварат своето право на глас.
Како доказ за неможноста да гласаат во редовна постапка, овие лица треба да достават лекарско уверение од матичен лекар или документација од лекар-специјалист или пак решение за користење туѓа нега.
Гласачите, пак, кои доколку издржуват мерка куќен притвор, а сакаат да гласаат, треба преку ополномоштено лице најдоцна до 30 август да ја известат ОИК.
Од ОИК велат дека до четврток треба да бидат готови списоците со бројот на гласачи, кои ќе имаат можност да го искористат гласачкото право на 19 гласачки места.
На референдумското гласачко ливче ќе бидат поставени две прашања, едното дали граѓаните се ЗА или ПРОТИВ отворање на рудникот за бакар и злато Иловица, а другото, дали се ЗА или ПРОТИВ отворање и ископ на метални или металична руда.
Во струмичкиот регион ќе се одржи референдум и во Општина Ново Село кој ќе се одржи на 17 септември годинава.
Ново на Сител
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството