-->
-->
Обвинение за скопјанец кој телесно го повредил својот татко
-->
Во семејна расправија во скопското село Волково син денеска го повредил својот татко. Првин го давел со раце на вратот, а подоца и му направил расекотина на раката со нож. Основното јавно обвинителство Скопје до судот достави предлог за обвинение за кривично дело „Телесна повреда“ и за притвор.
Јавното обвинителство на РМ соопшти дека осомничениот се товари дека во семејната куќа во село Волково, при семејна расправија, телесно го повредил сопствениот татко, така што започнал да го дави со раце на вратот. По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот на грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и започнал да замавнува, го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана.
Доставен е предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото или ќе стори ново кривично дело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари