Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари
Смена на новоименуваниот директор на Агенцијата за европски образовни програми Петар Богојески бараат опозциските СДСМ и ДУИ, бидејќи според нив, лидерот на Македонски концепт имал албанофобски ставови, деградирачки коментари и националистички речник. Богојевски беше именуван на оваа функција од Владата пред само неколку дена, а официјално ќе седне на директорското столче од наредната недела.
„Однесувањето на Богојески е во целосна спротивставеност со вредностите на почит, еднаквост и инклузивност, кои се основа на европските образовни програми што ги претставува Агенцијата на чие чело е поставен. Богојески е целосно недоветен и несоодветен за да ја обавува новата функција, уште помалку за да служи како пример за студентите. Именувањето на ваква контроверзна личност испраќа загрижувачка, но јасна порака за приоритетите на Владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ“, напиша на Фејсбук потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.
Од партјата на СДСМ највуваат дека за ова ќе ја информирале и Еврпопската Унија, која е главен финансиер на програмите со кои ќе раководи Богојески.
Осуда за именувањето на претседателот на Македонски концепт стигна и од ДУИ.
- Денес, државата преку еден човек, назначен да ги води европските образовни фондови, ја понижи цела една заедница со јазик полн омраза, стереотипи и презир. Не само Албанците – туку и самите Македонци, затоа што овој јазик не зборува од име на ниеден народ, напиша Османи.
Богојевски не е засегнат од коментарите, велат дека ДУИ се плашат од македонски политичари што ги бранат националните интереси, а за јавните коментари на социјалните мрежи се извинува што некој се почувствувал навреден.
Неговата работа посебно ќе се следи, поради рекациите во јавноста, но засега не може ништо да се комeнтира, вели министерката за образование Jаневска за неговото назначување.
Но, затоа пак, за неговото назначување јавна реакција во Владата изразил албанскиот коалициски партнер Вреди.
Богојески пак, на ова одговара дека со Вреди може да се најде заеднички јазик бидејки во нив гледа владин партнер кој сака да се бори против корупцијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар