Објавен извештајот на Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот
Американскиот државен секретар Ентони Бликен го презентираше годишниот извештај на Стејт департментот за трговија со луѓе во светот.
Извештајот опфаќа 188 земји и територии, а некои од нив ќе се соочат со потенцијални санкции поради недоволните напори во оваа област.
Администрацијата во Вашингтон во извештајот посебно посочи 17 земји кои не прават доволно во борбата против трговијата со луѓе и ги предупреди на потенцијалните санкции на САД, класифицирајќи ги во трета категорија.
Извештајот ги класифицираше 17-те, главно авторитарни држави, во „ранг 3“ поради неисполнување на минималните стандарди за да се запре она што државниот секретар Ентони Блинкен го нарече „нехуман круг на дискриминација и неправда“.
Земји кои претходно не беа во оваа категорија се Малезија и Гвинеја-Бисао, и тие им се придружија на Авганистан, Алжир, Бурма, Кина, Коморски Острови, Куба, Еритреја, Иран, Никарагва, Северна Кореја, Русија, Јужен Судан, Сирија, Туркменистан и Венецуела, а повеќето од тие земји во моментов се под санкции на САД од други причини.
Исто така, во Извештајот се посочуваат и некои американски сојузници како Израел, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија и Турција, поради одредени отстапувања во досегашните напори, а извештајот проценува дека пандемијата на коронавирусот дополнително ја влошила ситуацијата околу „човечкото ропство“ во периодот 2020-2021 година.
Во извештајот шест американски партнери и сојузници гсе префрлени од прва во втора категорија (Кипар, Израел, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија и Швајцарија), ставајќи ги меѓу земјите кои не ги исполнуваат меѓународните стандарди за борба против трговија со луѓе, но сепак вложуваат значителни напори за тоа да се постигне.
Во втора категорија се и земјите од регионот, како Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија, Косово, како и Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
-

Нема економска оправданост за интервентно зголемување на минималната плата, вели Дурмиши
-

Државата повторно ќе издава граѓански обврзници
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
