Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Тарифа“, „Монструм“ и „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.
Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.
На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
На обвинителната клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.
Во Кривичниот суд треба да се одржи и ново рочиште за повтореното судење за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.
Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
„Царините од САД се резултат на грешка“ – Мицкоски очекува да се коригира одлуката
-
Инфлацијата се смирува, мерките за ограничени цени и маржи, според надлежните - даваат резултат